• Почетна
  • За Гранада
  • Контакт

Аранжмани

  • Грција 2010
  • Хрватска 2010
  • Турција 2010
  • Италија 2010
  • Албанија

Екскурзии

  • Еднодевни и повеќедневни екскурзии
  • Ученички екскурзии
  • Средношколски екскурзии
  • Студентски екскурзии
  • Понуди Хрватска
  • Хотели во Турција
  • About Macedonia
Неипори Кушадаси Халкидики

Макарска

Макарска е културен, стопански, административен и забавен центар на Макарското приморје и Далмација. Долгогодишната туристичка традиција ја прави Макарска една од најатрактивните дестинации на Јадранското приморје.

Градот Макарска ги опфаќа населените места: Макарска, Макар, Котишна, Велико Брдо и Пухаричи. Макарска го добила своето име по селото Макар, кое се наоѓа над градот. Денес градот Макарска има повеќе од 13 000 жители.

Убавината на градот е воочлива уште на прв поглед. Планината Биоково, над Макарска, полуостровите Св Петар и Осејава се само дел од природните придобивки на оваа убавина.

Летно време макарската ривера и „рива“  се претвора во место каде се игра, танцува, забавува. Место каде се случуваат голем број културни настани, концерти. А за оние што сакаат да се забавуваат во текот на ноќта, тука се големиот број клубови, дискотеки и барови, со забава до утринските часови.

Макраска
Макраска
Макраска
Макраска

За сите љубители на авантури, Макарска го има природниот парк Биоково, а за оние што имаат желба за пешачење им ја препорачуваме Патеката за прошетка, покрај самата плажа. Она на што се најгорди локалните мештани се долгите песочни плажи (некои повеќе и од 2 км), како и кристално чистото море.

Макарска исто така може да се гордее и со својата богата гастрономска понуда. Во многубројните ресторани можете да уживате како во вистинската далматинска храна, разните видови риба и други морски плодови, исто така и во разните слатки специјалитети припремени по рецептите на старите макарани.


Услуга 20.06 29.06 08.07 17.07 26.07 04.08 13.08 22.08
Соби 1/2+1 9 ноќи € 179 € 199 € 209 € 219 € 229 € 229 € 209 € 189

Цената е по лице и вклучува автобуски превоз и сместување на база 9 ноќевања во соби А категорија (со сопствено TWC).

 

Тргнувањето е еден ден порано од дадената табела.

ПОПУСТИ :

  • Во случај на сопствен превоз цената се намалува за 35 €
  • Дете до 2 год (користи седиште) плаќа само 40 €
  • Дете од 2-12 год (со двајца возрасни) на дополнително легло има -50 %

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Туристичка такса 10 €, за деца до 12 год. 5 €
  • Задолжително групно патничко осигурање 400 денари

Само повратен билет 60 €, за деца до 12 год 40 €

Плаќањето е во денарска противредност на еврото.

За реализација на програмата потребен е минимум од 40 патници.

Важат општите услови за патување на Т.А. Гранада турс и СКТМ


Joomla! е Слободен Софтвер објавен под GNU/GPL лиценцата.
Copyright © 2009 GRANADA. Сите права се заштитени.
JoomlaWatch Stats 1.2.9 by Matej Koval