Банско
Банско е водечкото ски-одморалиште во Бугарија, со најдобар и најмодерен ски-центар. Банско има најдолга ски сезона во Бугарија, од 15 декември до 15 мај.
Се наоѓа во близина на реката Глазане во северо-источното подножје на Пирин Планина, под највисокиот и најубавиот дел од планината. Оддалечено е 160 километри од Софија и 6 километри од Разлог. Сместен е на 926 метри надморска височина, а скијачките патеки се наоѓаат на 2000-2600m.
Скијачките патеки се наоѓаат приближно 10 километри над Банско на северните падини на Пирин и се лесно достапни – отприлика 25 минутно возење со ски-лифт. Вкупната должина на обележаните патеки е 70 километри.
Одморалиштето има врвни снежни услови, со огромна снежна покривка од декември до мај. Снежните падини нудат можност за сите видови на скијачи и се погодни и за почетници и за професионалци. Љубителите на сноуборд може да уживаат во првиот забавен парк на Балканот каде доаѓаат луѓе од целиот свет водени од страста за екстремните спортови.
Огромни монитори кои прикажуваат фотографии од различни патеки се наоѓаат на почетната станица на ски-лифтот. На тој начин луѓето се информирани за временските услови пред да се искачат на падините.
Уникатната комбинација од добро развиено планинско одморалиште и жива историска населба го претвараат Банско во елегантно место за забава и рекреација. Буквално секоја куќа раскажува своја сопствена приказна, а вашиот одмор го претвора во патување низ традицијата. Традиционалните меани со исклучителен шарм и стил нудат локална атмосфера со локална кујна и добар избор на вина. Речиси сите меани нудат народна музика во живо. Дискотеките и ноќните клубови работат без времеснко ограничување, а вообичаено затвораат во раните утрински часови.
Мапа на БАНСКО со сите хотели...
Видете ја нашата понуда на ХОТЕЛИ во БАНСКО:


