• Почетна
  • За Гранада
  • Контакт

Аранжмани

  • Грција 2010
  • Хрватска 2010
  • Турција 2010
  • Италија 2010
  • Албанија

Екскурзии

  • Еднодевни и повеќедневни екскурзии
  • Ученички екскурзии
  • Средношколски екскурзии
  • Студентски екскурзии
  • Понуди Хрватска
  • Хотели во Турција
  • About Macedonia
Неипори Кушадаси Халкидики

RIMINI - MIA International Food Show

20.02.2010

Состанок на групата во 07,00 часот. Заминување кон Италија преку Србија, Хрватска и Словенија. Попатни паузи.

21.02.2010

Пристигнување во Римини околу 11,00. Сместување во хотел. Посета на саемот. Ноќевање.

22.02.2010

Појадок. Посета на саемот. После пладне можност за факултативна посета на Сан Марино, најмалата држава - град. Ноќевање.

23.02.2010

Појадок. Заминување за Лидо Ди Јесоло. Можност за факултативна посета на Венеција. Заминување со бротче за Венеција. Разглед на Венеција: посета на плоштадот и цркват Сан Марко, мостот на воздишките, Дуждевата палата, многубројните канали, мостот Риалто... Попладне заминување за Македонија.

24.02.2010

Пристигнување во Македонија во пладневните часови.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ИЗНЕСУВА: 9.500 денари

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Автобуски превоз на наведената релација со туристички автобус
  • Сместување во хотел *** на база 2 Н/П, во Римини
  • Патничко осигурување
  • Пратител на групата

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Влезници за локалитети и за саемот
  • Факултативна посета на Сан Марино 10 € и Венеција 10 €
  • Превоз со бротче до Венеција 10 €

За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.

 

MIA INTERNATIONAL FOOD SHOW RIMINI 21.02.2010 – 24.02.2010

Од 21 до 24 февруари 2010 година во павилјонот на Rimini Fiera рефлекторите ќе ги насочат своите светла во секторот food& beverage. Се започна во салонот MIA пред четириесет години, за да прерасне во еден ваков изложбен комплексен формат составен од повеќе специјализирани салони, препознатливи по својот квалитет и на европско ниво.

Од 2010 година сите салони и понатаму ќе го носат своето препознатливо име, но целата манифестација во јавноста ќе се претстави под називот SAPORI RIMINI - OKUSI RIMINI, каде вкусовите се однесуваат на се она што е food & beverage за рестораните, а Rimini со право налага локалитет во кој се креираат трендови, локалитет кој годишно угостува над 40 милиони туристи во своите 1700 хотели.

SAPORI RIMINI продолжува со своите содржини: истражување на различни трендови и нови начини на консумирање на храна и пијалаци надвор од нивните домови, проучување на ритуали и мода, а ги следат и дизајнерските аспекти на локалите.
Саемот ќе понуди идеи и нови решенија за посетителите кои се повеќе внимание посветуваат на естетскиот простор надворешен и внатрешен и барање на иновативен простор за музика, уметност, спорт, книжевност, технологија.

Лични податоци за саемот SAPORI (податоци за 2009 година)
100.000 m² изложбен простор 82.832 професионални посетители, 1500 бизнис состаноци помеѓу странски клиенти, 675 акредитирани новинари.

 

PIANETA BIRRA BEVERAGE & CO.

12. издание на овој Саем ќе се престават сите новитети од секторот beverage. Посебен простор ќе биде наменет за валоризација на специјални, познати пива и помалку познати пивски специјалитети. Тука посетителите ќе учествуваат во дегустација, семинари за детално запознавање на пивската култура. Врвни готвачи, присутни на саемот ќе се престават со различни гастрономски комбинации, во кој главна состојка ќе биде пивото. На овој салон треба уште да ги споменеме и секторите: 'Espresso & Hot Drinks' павилјон наменет за еспресо кафе и топли напивки; 'Grappa Italia' простор за smoothies, сокови и нектари.

Типови на посетители

  • Барови
  • пабови, пивници, ноќни клубови и локали
  • угостителство (ресторани, пицерии, синџири и франшизинг, fast food, take away, catering, колективна прехрана)
  • trade (дистрибутери, специјализирани гросисти, import-export, агенти)
  • малопродажни прехранбени артикли
  • печатење, невладини професионални организации

Изложбени сектори

  • Пиво (пива од сите страни на светот, познати брендови)
  • Овошни сокови и нектари, безалкохолни пијалаци, енергетски пијалаци
  • Минерална и ароматизирана вода, ракија и дестилати, ликери и жестоки алкохолни пијалаци
  • Espresso & Hot Drink - Snack - Equipment - Logistics

 

MIA Меѓународна изложба на прехрана

Саем кој со тек на време стана лидер меѓу саемите кога говориме за вон куќна консумација, саем на кој се анализираат и верифицираат податоци на пазарот кој само во Италија вреди 65,7 милијарди €, и тоа во константен пораст. Проекциите говорат дека модерното угостителство до 2015 година ќе порасне за 45%, колективната прехрана (студентска, училишна....) за 30%, традиционалното угостителство за 25% ( извор: Nomisma) нови и занимливи работни прилики ги очекуваат посетителите и излагачите во текот на 3° GDO Buyers Day.

Типови на посетители

  • угостителство (ресторани, пицерии, синџири и франшизинг, fast food, take away, catering, колективна прехрана)
  • останати угостителски локали (хотел, паб, бар, пивница, ноќни барови и локали)
  • широка дистрибуција (GDO, cash & carry, buyers group)
  • trade (дистрибутери, специјализирани гросисти, import-export, агенти)
  • малопродажни прехранбени артикли
  • печатење, невладини професионални организации

Изложбен сектор

  • Catering
  • Регионални специјалитети, домашни и странски
  • Sandwich & Snacks
  • Bio Catering
  • Gluten Free
  • Logistics

 

FRIGUS Специјализирана изложба за замрзнати производи и опрема за ладен циклус

Единствен специјализиран саем во Италија наменет за длабоко замрзнати производи и опрема за ладен циклус, а се организира во соработка со Италијанскиот институт за длабоко замрзнати производи. Секторот за длабоко смрзнати производи бележи континуиран позитивен пораст, посебно во секторот угостителство. Иновации и нови производи, услуга, брзина на подготовка и квалитетот се јака страна на овие производи.

Типови на посетители

  • Угостителство (ресторани, пицерии, синџири и франшизинг, fast food, take away, catering, колективна прехрана)
  • останати угостителски локали (хотел, паб, бар, пивница, ноќни барови и локали)
  • широка дистрибуција (GDO, cash & carry, buyers group)
  • trade (дистрибутери, специјализирани гросисти, import-export, агенти)
  • малопродажни прехранбени артикли
  • печатење, невладини професионални организации

Изложбен сектор

  • Длабоко смрзнати производи
  • Технологија за ладен циклус

 

MSE Seafood & Processing Mediterranean Seafood Exhibition

Единствен b2b средби во зоната на Медитеранот кој опфаќа цел рибарски сектор: од свежи до длабоко замрзнати производи, од готови јадења до конзервирани специјалитети, до технологија, опрема и процес на трансформација. MSE освен широката дистрибуција се повеќе се обраќа кон надворешното консумирање. Високо професионалниот контекст и високата стапка на интернационалци (присутност на европски институции и професионални здруженија) средби на техничко- научно и политички- институционален карактер ќе го валоризираат секторот рибарство.

Типови на посетители

  • trade, дистрибуција
  • угостителство
  • оператори во секторот рибарство (рибарници, рибници, рибни ресторани и сл.)
  • производство и трансформација
  • останати угостителски објекти

Изложбен сектор

  • Seafood: рибарско производство во сите облици на консумирање: свежа, конзервирана, смрзната, длабоко смрзната, рибарска гастрономија)
  • Processing: технологија за трансформација и конзервирање, комерцијализација и транспорт на производот.
  • Мебел и внатрешно уредување: тематски декорации, ладилник, маси и витрини
  • Услуга: институции, професионални невладини организации, консалтинг, специјализирани печатници

 

DIVINO LOUNGE Wine, food and more

B2B саемот наменет за специјални посетители, место каде се соединуваат виното и угостителството, место каде се претставуваат новите начини на консумација за каналот HoReCa. Пазарот во Италија вреди 65,7 милјарди евра, со константен пораст.

Саемот се одржува на почетокот на календарската година, идеален период за најава на новите трендови покрај следниве содржини:

  • Area Food -комбинација од јадења во согласност на содржините на познатиот шеф
  • Area Wine дегустација на различни вина и шампањ
  • Area Business календар на деловни состаноци на странски и домашни купувачи internet point за on-linе продажба

Видови на посетители

  • шефови
  • сопственици и раководители на барови, дискотеки и ноќни клубови
  • сопственици и раководители на хотели и ресторани

Изложбени сектори

  • вина
  • пенливи вина
  • шампањ
  • чаши и прибор за вино

Joomla! е Слободен Софтвер објавен под GNU/GPL лиценцата.
Copyright © 2009 GRANADA. Сите права се заштитени.
JoomlaWatch Stats 1.2.9 by Matej Koval