Гуча - Златибор
Прв ден: 20.08.2010 година (петок)
Заминување на групата од Македонија кон Србија во 00.00 часот (паркинг спроти ИК Банка). Ноќно возење со попатни застанувања и одмори. Пристигнување околу 10.00 во Мокра Гора и посета на Дрвен Град (етно селото на Емир Кустурица). Можност за неповторливо доживување, возење со популарниот Ќиро (мал воз) низ Шарганската осмица. Пристигнување на Златибор во попладневните часови. Сместување во хотел. Прошетка низ преубавиот Златибор. Ноќевање.
Втор ден: 21.08.2010 година (сабота)
Појадок. Посета на музејот „Старо село“ во Сирогојно. Заминување за Драгачево и присуство на Саборот на трубачи Гуча. Вечерта враќање во хотел. Ноќевање.
Трет ден: 22.08.2010година (недела)
Појадок. Два часа слободно време за прошетка. Заминување за Гуча на саборот на трубачи. Во пладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во Македонија околу полноќ.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 5.999 денари
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
- Превоз на наведената релација со високотуристички автобус
- Две ноќевања со појадок во хотел со 3*** на Златибор
- Посета на Саборот на трубачи во Гуча
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:
- Влезници за музејот во Сирогојно
- Влезница за Дрвен град (500 денари)
- Карта за Шарганска осмица (кој што ќе се вози)
- Патничко осигурување 200 денари
НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници.


