• Почетна
  • За Гранада
  • Контакт

Аранжмани

  • Грција 2010
  • Хрватска 2010
  • Турција 2010
  • Италија 2010
  • Албанија

Екскурзии

  • Еднодевни и повеќедневни екскурзии
  • Ученички екскурзии
  • Средношколски екскурзии
  • Студентски екскурзии
  • Понуди Хрватска
  • Хотели во Турција
  • About Macedonia
Неипори Кушадаси Халкидики

Oktoberfest - Дворците на Баварија

Прв ден: 23.09.2010 година (четврток)

Заминување на групата од Македонија кон Германија  во 10.00 часот (паркинг спроти ИК Банка). Дневно и ноќно возење преку Република Србија, Хрватска и Словенија со попатни застанувања и одмори.

Втор ден: 24.09.2010 година (петок)

Пристигнување во Минхен во пладневните часови. Сместување во хотел  со 3***. Панорамски разглед на Минхен: црква Св. Петар - најстарата црква во Минхен, женската црква, Кралската палата, Националната опера, големиот базар, Мариенплац, Парламентот... Посета на Октоберфест. Ноќевање.

Трет ден: 25.09.2010 година (сабота)

Појадок. После појадокот факултативна посета на најекстравагантниот дворец Linderhof (Лудвиг II ги позлатил неговите соби и го преуредил во рококо стил) и на дворецот Neuschwanstein (преубав дворец кој му послужил на Волт Дизни како инспирација за неговиот дворец од бајките, кој ги краси насловните шпици на сите негови цртани филмови, како и Дизниленд парковите). Приквечер повторно посета на Октоберфест. Враќање во хотел. Ноќевање.

Четврти ден: 26.05.2010 година (недела)

Појадок. Факултативна посета на дворецот Herrenchiemsee . Посета на овој преубав дворец кој се наоѓа на остров на најголемото Баварско езеро Кимзе. Овој дворец е изграден последен, во рококо стил , по углед на Версај. Посета на Октоберфест. Ноќевање.

Петти ден: 27.05.2010 година (понеделник)

Појадок. После појадокот слободно време за индивидуални активности и шопинг. Околу пладне заминување кон Македонија со попатни застанувања и одмори.

Шести ден: 28.05.2010 година (вторник)

Пристигнување во Македонија во  утринските часови..

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 24.400 денари

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз на наведената релација со високотуристички автобус
  • Три ноќевања со појадок во хотел со 3*** во Минхен
  • Разглед на Минхен
  • Посета на Октоберфест
  • Организација на аранжманот и  придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Влезници за музеите и културно историските споменици
  • Посета на дворците Linderhof  и  Neuschwanstein – 40 евра (со влезници)
  • Посета на дворецот Herrenchiemsee – 30 евра ( со карта за брод и влезница)
  • Патничко осигурување 350 денари

НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници.


Joomla! е Слободен Софтвер објавен под GNU/GPL лиценцата.
Copyright © 2009 GRANADA. Сите права се заштитени.
JoomlaWatch Stats 1.2.9 by Matej Koval