Велигден
Рим - Велигден 2010
01.04.2010 - 06.04.2010
1. Ден СКОПЈЕ - ДРАЧ
Состанок на групата во 09.30 часот. Поаѓање за Драч во 10.00 часот. Качување на фериброд во 22.00. Ноќна пловидба.
2. Ден БАРИ – АЛБЕРОБЕЛО - РИМ
Пристигнување во Бари околу 08.00 часот и продолжување на пат за Алберобело, најстарото салаш село во Италија и Светот, а потоа продолжување за Помпеа. Посета на локалитетот. Продолжување на патот за Рим, околу 21.00 часот сместување во хотел во околината на Рим. Ноќевање.
Дубровник - Велигден 2010
1.Ден (четврток) - 01 април - СКОПЈЕ – ДУБРОВНИК
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот „Холидеј Ин“ во 19.00 часот. Тргнување за Хрватска во 19.30. Се патува преку граничниот премин Косово и Црна Гора. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2.Ден (петок) - 02 април - ДУБРОВНИК – СКОПЈЕ
Пристигнување во Дубровник, град-музеј, еден од најубавите на Балканот, во претпладневните часови. Сместување во хотел. Краток одмор. Попладне, разглед на градот со стручен локален водич: Страдун со Орландовиот столб и Онофриевата чешма, палатата Спонза, Кнежевиот двор, барокната црква Св. Влах, катедралата „Вознесението на Марија“, кулата Минчета, тврдината Ловриенац. Ноќевање.
Азурна обала - Велигден 2010
31.03.2010 - 06.04.2010
1. ден СКОПЈЕ – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО
Состанок на групата во 13.30 часот. Поаѓање за Италија во 14.00 часот. Попатни паузи. Ноќно возење.
2. ден ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО - ВЕНЕЦИЈА
Пристигнување во Лидо во утринските часови. Сместување во хотел. Заминување со бротче за Венеција. Разглед на Венеција: посета на плоштадот и црквата Сан Марко, мостот на воздишките, Дуждевата палата, многубројните канали, мостот Риалто... Попладне враќање во Лидо. Ноќевање.
Виена - Велигден 2010
1 ден. 01.04.2010 год.
Поаѓање во 16.00 часот. Патот води преку Србија со попатни одмори до Виена.
2 ден. 02.04.2010 год.
Пристигнување во Виена околу пладне. Сместување во хотел. Разглед на градот со локален водич: Плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерната уметност, Градската палата , Универзитетот, Палатата Белведере , Црквата Вотив, Зимскиот дворец Хофбург. Ноќевање.
Прага - Велигден 2010
1 ден. 01.04.2010 год.
Поаѓање во 16. 00 часот. Патот води преку Србија, Унгарија и Словачка со попатни одмори до Прага.
2 ден. 02.04.2010 год.
Пристигнување во Прага околу пладне. Сместување во хотел. Панорамски разглед на ПРАШКИОТ ДВОРЕЦ на ХРАДЧАНИ, ШПАНСКАТА САЛА монументална градба од X век, катедралата СВЕТИ ВИТО со капелата СВ. ВЕНЦЕСЛАВ и гробниците на чешките кралеви; старата КРАЛСКА ПАЛАТА; базиликата СВ.ЃОРЃЕ и ЗЛАТНАТА УЛИЦА, со сочуван изглед од XVI. век. Продолжеток на разгледувањето низ Малостранске намести.