Кушадаси
Кушадаси е една од најпознатите туристички области во Турција. Лоциран на западниот турски брег, 90 километри јужно од Измир, Кушадаси е еден од најатрактивните градови, кој со неговата близина на познатите историски места Ефес, Милетос ви го доближува мирисот на историјата испреплетено со благодетите од природата со кои може да се пофали овој регион.
Кушадаси има типична Медитеранска клима со топли лета и благи зими, овозможувајќи му на регионов долга туристичка сезона. Просечната темература на воздухот и водата, лете, се движат од 17- 38 степени (воздухот) и од 19- 23 степени (водата).
Сиде
Сиде и Манавгат се антички градови и модерни летувалишта. Ова е вистинска дестинација за оние кои што сакаат одморот да го комбинираат со запознавање на богатаото културно богатсво на регионот.
Аланија
Некогашното гусарско засолниште, денес е втор по големина и значење турисички центар во Анталискиот регион, оддалечен 130 километри од аеродромот Анталија. Величенствената тврдина е еден од историските белези на Аланија, со преку 150 кули кои ги красат зачуваните зидини.
Кемер
Лоциран на 42 километри од Анталија и на околу 50 километри од аеродромот Анталија, Кемер, денес по многумина е најубавиот туристички град на Анталиската ривиера. Тој е еден од ретките турски градови, кој со поплочените улици во центарот на градот, преполни со ресторани, дуќани и сувенирници ќе ви понуди да почуствувате вистинска медитеранска атмосфера.


